Искусниот Сарашов нов член на Овче Поле

Тимот на Овче Поле полека го комплетира ростерот за претстојната сезона во прволигашката конкуренција.

Откако го продолжи договорот со капитенот Стаменков, а го донесе Филип Петровски, клубот од Свети Николе се засили и со искусниот кружен напаѓа Маријан Сарашов.

Тој играше во матичниот клуб Текстилец од Штип, но сега се сели кај соседите во Свети Николе.

Сарашов претходно настапуваше за Шампион, Металург РА…а сега со своето искуство ќе се обиде да им помогне на младите од Овче Поле да остварат што подобар пласман во прволигашката конкуренција.