Охрид ја одбрани титулата во Струга

Охрид ја одбрани титулата на меѓунарониот ракометен турнир во Струга откако го совлада составот на Вардар со 31-30 (15-13). Во интересен и неизвесен натпревар двете екипи имаа свои моменти. Малиот број голови на воведот во првиот дел беше заслуга на голманите на двете екипи Дино Славиќ за Охрид и Валах па Гогов за Вардар, „гладијаторите“ сепак ја имаа инцијативата и минималната предност која во самиот финиш на полувремето ја зголемија на највисоки 15-13.
Во вториот дел Вардар направи комплетен пресврт, поведе преку најискусниот во „црвено-црниот“ состав Гоце Георгиевски и застана. Па продолжи Охрид. Се редеа голови во низа, за кои Вардар немаше одговор па разликата повторно ги достигна највисоките плус „три“. Вардар се бореше до самиот крај, но во самиот финиш Охрид одигра позрело и ја искористи предноста за печат на победата. Охрид е шеста екипа која успеала да го одбрани трофејот на Стушкиот турнир, а трета која запишала две победи.

Мечот тргна со одбрани на голманите Славиќ и Валах, беше 2-2 по пет минути игра, а Абделхак врза два гола и му донесе предност на Вардар од два гола, 4-2. „Црвено-црните“ ја одржуваа разлика, 5-3, па 7-5.

Охриѓани ротираа со ракометарите, искористија две исклучувања за вардарците Љевар и Да Силва, па влегоа во егал натпревар. Славиќ и Валах и натаму имаа свои моменти, но Мате се разигра и со неколку голови Охрид почна да се одлепува.

Во финишот „гладијаторите“, кои се бранители на трофејот на Струшкиот турнир, водеа и со три гола разлика, но Воркапиќ со голот од пенал по истекот на времето намали на 15-13.

Вардар, кој не сметаше на Лазаревски и Митровиќ за финалниот натпревар, успеа да направи комплетен пресврт на стартот на вториот дел и поведе преку Георгиевски со 20-19, па Ројевиќ мораше да бара тајм-аут.

Беше 21-21 на петнаесетина минути до крајот, Славиќ фати зицер и уште еднаш одбрани, па Ивановски со гол од контранапад му донесе плус два, а прецизен беше и Савревски за 25-22.

Вардарци успеаа да ја стопат предноста и во самиот финиш да доведат нови возбудувања. Но негативата од „минус еден“, беше непремостлива пречка за македонскиот шампион. Во трка со времето и притисокот од негативата, Вардар потклекна и дозволи Охрид да прослави уште една титула на најстариот македонски ракометен турнир. Иако охриѓани беа целосно во контрола на натпреварот самиот финиш донесе неизвесност и возбудвувања, кои се одразија на конечниот резултат, 31-30.

Најпрецизен беше Филип Талески со 9 голови, во составот на Охрид. Кај Вардар Абдалах Мохаб постигна 8 подогоци.