Димитар Узунчев дебитираше за Целје

Македонскиот репрезентативец Димитар Узунчев дебитираше за словенечкиот шампион Целје.

Десниот бек беше дел од составот на Клемен Лужар за мечот против унгарскиот гигант Веспрем, кој славеше со 49-32.

Узунчев погоди еднаш во мрежата на Веспрем, а најдобри стрелци беа Миличевиќ со осум и Соршак со шест гола.

Овој натпревар беше проштален за десното крило Гашпер Маргуч пред унгарската публика, кој ова лето дресот на Веспрем го замени со оној на Целје.

Тој одигра по едно полувреме за двата тима.