Мундијалско полуфинале за Божиновски и Начевски!

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за полуфиналните средби на Мундијалот за кадетки во Романија, а меѓу нив ќе бидат и Македонците Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Македонските арбитри ја уживаат довербата на светската куќа на ракометот и го добија полуфиналниот дуел меѓу Шпанија и Египет, што ќе се игра денеска во Питешти.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Данска и Црна Гора.

Божиновски и Начевски досега судеа на три меча од групната фаза, но и еден од главната рунда на СП за кадетки.

Во нивната кариера, ова ќе биде трето полуфинале на големите натпреваруања – судеа на женското кадетско СП 2022, како и на женското младинско ЕП 2023. Имаат четвртфинале на женското младинско СП 2024, како и финале на машки младински ЕХФ шампионат во 2021 година.