Тимот на Македонија Ѓорче Петров започна со тренинзи пред новата сезона во прволигашката конкуренција.
Тренерот Оливер Димитриоски ќе смета на сите ракометари од минатата сезона, а допрва ќе има и нови имиња.
„Дробилицата“ минатата сезона ја заврши на четвртата позиција на табелата во Првата лига со 33 бодови.
Во претстојната сезона ќе има зголемени амбиции, но и поголема конкуренција меѓу прволигашите во битка за елитата.
























