Меланија Јовановска од Куманово се пресели кај младите „лавици“

Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 полека го комплетира составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.

Младата Меланија Јовановска e нова членка на младите „лавици“ и ќе игра за составот предводен од Милева Велкова. Јовановска во Ѓорче Петров 2 доаѓа од составот на Куманово.

Претходно потписи на договорите ставија Антонела Ѓероска, Миа Маринчов, Марија Димоска и Бојана Георгиевска, средните бекови Jана Петровска, Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, пивотите Мирјана Наумоска и Симона Блажеска, десниот бек Тара Аврамоска, десните крила Бојана Паловска и Сара Ристовска, левото крило Теодора Спасоевска, како и голманките Дарија Наумоска, Софи Гошевска и Сара Илиоска.

Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, 
приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________