Никола Карабатиќ ја круниса љубовта по 16 години: Ова беше најубавиот ден во мојот живот

Еден од најголемите ракометари во историјата, Никола Карабатиќ, официјално започна ново животно поглавје. 42-годишниот Французин со српско потекло организираше голема свадбена прослава со својата долгогодишна партнерка Жералдин Пиље.

Карабатиќ и Жералдин, кои се во врска уште од 2010 година, претходно годинава се венчаа на интимна церемонија, а сега на југот на Франција ја прославија својата љубов во друштво на семејството и најблиските пријатели.

Прославата беше исполнета со емоции, музика и танцување, а младенците не ја криеја среќата. Легендарниот ракометар на својот профил на Инстаграм објави фотографии од свадбата, придружени со емотивна порака.

„Дефинитивно најдобриот ден во мојот живот. Сè уште сум преплавен од љубовта што ја добивме од нашето семејство и пријателите. Се чувствувам неверојатно благословен и благодарен што го споделивме овој магичен ден со луѓето што ги сакаме. Ден што ќе го паметиме засекогаш“, напиша Карабатиќ.

Двојката е заедно веќе 16 години, а во меѓувреме добија и две деца – синот Алек и ќерката Ноа. По венчавката, честитки пристигнаа од бројни поранешни соиграчи, пријатели и спортски легенди.

Карабатиќ во 2024 година ја заврши една од најуспешните кариери во историјата на ракометот. Во повеќе од две децении на највисоко ниво освои три олимписки злата, четири светски и четири европски титули со Франција, како и бројни трофеи на клупски план, оставајќи неизбришлива трага во светскиот ракомет.

По спортските успеси, легендарниот бек сега целосно му се посветува на семејниот живот, отворајќи ново поглавје далеку од ракометните терени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Karabatic (@nikolakarabatic44)