Рајн Некар активираше трансфер бомба – потпиша со францускиот ас Кентан Мае!

Германскиот Рајн Некар Левен го промовираше едно од најзвучните засилувања ова лето, откако потпиша едногодишен договор со францускиот ас Кентен Мае.

Триесет и петгодишниот репрезентативец на Франција пристигнува во Манхајм со богато искуство и импресивна кариера, во која ги освои сите најголеми трофеи – олимписко, светско и европско злато со „триколорите“.

Мае зад себе има богата кариера во Бундес лигата, настапувајќи за Гумерсбах, Хамбург и Фленсбург, со кој во 2018 година ја освои титулата германски шампион. Потоа шест сезони беше дел од Веспрем, а минатата сезона повторно го носеше дресот на Гумерсбах.

Во германската елита досега одиграл 328 натпревари и постигнал 941 гол, а со репрезентацијата на Франција освои две светски титули (2015 и 2017), европската круна во 2014 година и олимпиското злато на Игрите во Токио.