Веспрем доби вајлд-карта, познати сите учесници на Светското клупско првенство

Светската ракометна федерација ги потврди учесниците на Светското клупско првенство што ќе се одржи во Египет

Покрај бранителот на титулата Барселона, од Европа претставник ќе биде составот на Веспрем кој доби вајлд-карта, а другата вајлд-карта отиде кај египетскиот Замалек.

Од Океанија претставник е тимот на Сиднеј Универзитет, од Азија е Бурган, а затоа што Барса е европски првак, но обезбеди место како бранител на титулата од минатата сезона, претставник на Европа ќе биде финалистот на ЛШ, Фуксе Берлин.

Од Средна и Јужна Америка доаѓа Пињеирос, додека претставник на Северна Америка и Кариби ќе биде Лос Анџелес. Ал Ахли ќе ја претставува Африка.

ИХФ дополнително ќе потврди системот, групите и распоредот на натпреварите, а клупското СП ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври.