Како што најави 24Ракомет пред три дена, средниот бек Божидар Илиески ќе биде нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Битолчани денеска го промовираа прилепчанецот како нивен играч, а тој ќе има одново шанса да соработува со Бранко Ангеловски.
Илиески е ракометар кој добро ја познава работата на Ангеловски, бидејќи двајцата претходно беа дел од ракометната приказна во Автокоманда. Токму таа поврзаност може да биде важен фактор за трансферот, бидејќи младиот бек сака повторно да работи со тренерот со кој веќе имал заеднички период во кариерата.
Божидар Илиески минатото лето се врати во родниот град и потпиша за Прилеп. Тој пристигна како засилување на бековската позиција, откако претходно настапуваше во Скопје. Во Прилеп доби простор да биде дел од суперлигашки проект што сезонава имаше амбиции за стабилизација и чекор кон горниот дел од табелата.
Покрај Илиески, нов играч во битолската екипа треба да биде и кружниот напаѓач Кристијан Симоноски.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























