Новиот хрватски ракометен прволигаш Ардиаи влегува во елитата со јасна амбиција – Дубровник повторно да добие сериозно место на ракометната мапа. Првиот важен чекор во тој правец е ангажманот на Жељко Муса за нов тренер.
Клубот од Дубровник не сака само краток престој во првата лига, туку почеток на посериозен проект. Во таква слика, изборот на Муса не е случаен. Станува збор за човек со големо играчко име, поранешен хрватски репрезентативец и ракометар што добро знае што значи натпреварувачки притисок и работа во амбициозна средина. Тој играше за Загреб, Келце, Магдебург…а тренерската кариера ја почна во Криенс Луцерн.
Во Ардиаи очекуваат токму Муса да донесе стабилност, ред и јасна насока во прволигашката сезона што следува.
Првата цел е екипата да се зацврсти во елитата, да обезбеди опстанок, а потоа чекор по чекор да се гради клуб што ќе има подолга и посериозна иднина.
Во новата сезона Адиаи ќе игра во група заедно со Загреб, Нексе, Дуго Село, Пореч, Рудар, Спачва и Бјеловар.
























