Невена Бундоска останува во Пелистер

Тимот на Пелистер активно работи на составувањето на играчкиот кадар за наредната сезона во прволигашката конкуренција.

Една од ракометарките што играше минатата сезона во Битола, Невена Бундоска, и наредната сезона ќе остане во Пелистер.

Средниот бек од Прилеп беше важна алка од тимот на Моника Талевска, а двете страни се договорија за продолжување на соработката.

Претходно, голманката Ана Марија Горговска се договори за трансфер во Пелистер, и дресот на Куманово ќе го замени со оној на битолскиот клуб.

Битолчанки загубија во баражот за опстанок во Супер лигата од екипата на Ѓорче Петров 2 и ќе играат во Првата лига претстојната сезона.