Францускиот шампион ПСЖ ја засили левата крилна позиција со искусниот исландски репрезентативец Бјарки Мар Елисон, кој ќе го носи дресот на клубот во сезоната 2026/27.
Трансферот беше реализиран по тешката повреда на Ахиловата тетива на Матје Гребиј поради која ПСЖ мораше брзо да реагира на трансфер пазарот.
Елисон доаѓа од Веспрем и зад себе има богата интернационална кариера. Настапуваше за Селфос, Копавогур, бундеслигашите Ајзенах, Лемго и Фуксе Берлин, а важи за едно од најискусните леви крила во европскиот ракомет.
Исландскиот репрезентативец не го криеше задоволството од новиот предизвик.
„Голема чест е да му се приклучам на ПСЖ. Ова е еден од најголемите клубови во европскиот ракомет и едвај чекам да започнам, да ги запознаам соиграчите и да помогнам во исполнувањето на клупските амбиции“, изјави Елисон.
На негово место во 2027 година ќе дојде францускиот репрезентативец Дилан Наи, кој потпиша до 2031 година.
Претходно ПСЖ ги промовираше новиот стратег Роберто Гарсија Парондо, како и десниот бек Ренарс Усчинс, кои во летото 2027 исто така ќе се преселат во Париз.
























