Македонскиот стратег Марјан Колев во новата сезона ќе има нов предизвик во тренерската кариера.
Тој потпиша договор на две сезони со тимот на Ница Кавигал, кој се натпреварува во Третата лига на Франција.
Колев претходно шест години беше на кормилото на женскиот клуб Ница со кој имаше одлични резултати на домашна и меѓународна сцена, а од 2023 до 2025 го водеше второлигашот Курнон Доверњ со кој имаше одлични резултати.
Mакедонецот кој поседува Мастер коуч лиценца долги години е во Франција. Како играч беше дел од Вилфранш, Гонфревил, Монтелимар, Сент Егре, а потоа во овој клуб ја започнува и тренерската кариера пред да замине во Ница, каде остана шест сезони.
























