Тимот на Овче Поле СУ ги продолжи договорите со уште две ракометарки за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции во Првата женска лига.
Станува збор за голманката Дона Маркоска и левиот бек Јана Ристовска, од кои клубот е задоволен и им понуди нови соработки.
Минатата сезона за влакно клубот од Свети Николе не успеа да се пласира во баражот за Супер лигата.
Претходно Јована Ангеловска, Ивана Станчева, Јована Конева и Викторија Димчева останаа верни на тимот од Свети Николе и потпишаа нови договори за наредната сезона.
Покрај овој квартет која останува во клубот, Овче Поле СУ донесе уште две млади ракометарки – Натали Маџовска (2008), која игра на позиција лев бек, а доаѓа од кадетската екипа на Вардар, како и Андонела Ангелковиќ (2013), која игра на позиција десно крило и доаѓа од пионерската екипа на Спартак.
Кружниот напаѓач Михаела Николовска од Куманово исто така се пресели во редовите на клубот од Свети Николе, а се врати и левото крило Стефанија Павловска.

























