Српскиот вицепрвак Војводина го назначи новиот тренер по заминувањето на Владан Матиќ. Негов наследник ќе биде досегашниот асистент Милутин Лучиќ, кој му асистираше претходно и на Борис Ројевиќ.
Легендарниот француски ракометар Кентан Мае не е повеќе дел од бундеслигашот Гумерсбах. Иако имаше активен договор до 2027 година, сепак двете страни решија спогодбено да ја завршат соработката.
Откако останаа без Борге Лунд, кој реши да ја прифати понудата на Кил, норвешкиот Елверум беше во потрага по нов предводник. Изборот падна на данскиот стратег Лауридс Согард, кој доаѓа од Нордсјеланд и потпиша договор на три сезони.
Поранешниот среден бек на Тиквеш, Игор Кривокапиќ, по само една сезона се раздели со тимот на Будванска Ривиера. Организаторот на играта би можел да остане во татковината и да заигра за Будуќност.