Промени во Регионалната лига – Ѓорче Петров и Чаир против три српски и една црногорска екипа

По откажувањето на Будуќност, но и на словенечката Ајдовшчина, раководството на регионалната лига, веќе најде замена за овие две екипи.

Кај дамите, десет екипи ќе играат во две групи – од Македонија (2), Србија (4), Црна Гора (1), Хрватска (2) и Словенија (1),

Во групата А се Крим, Подравка, Црвена Звезда и Локомотива Загреб, додека во групата Б ќе бидат двете македонски екипи – Ѓорче Петров и Чаир, црногорскиот тим Старс Лавице, како и трите српски екипи – Јагодина, Бор и Наиса Ниш.

Регионалната лига кај дамите ќе почне на 5 септември, а во првата рунда Ѓорче Петров ќе биде домаќин на Јагодина, додека Чаир ќе гостува кај Бор.

По регуларниот дел, ќе се игра четвртфинале, со четирите екипи од групата А, па најдобрите четири ќе се пласираат на Ф4 во април 2027 година.