По Мохамед Бен Махфуд, и вториот странец што беше дел од Еурофарм Пелистер 2 минатата сезона не е повеќе дел од битолскиот клуб.
Францускиот десен бек Баптист Одифред, кој заедно со Бен Махфуд беше меѓу најдобрите стрелци, се сели во Асобал лигата.
Одифред е нов член на шпанската Нава, која преку плеј-аутот успеа да опстане во елитното шпанско друштво.
Од Еурофарм Пелистер 2 во првата екипа на битолчани се пресели десното крило Ненад Белистојаноски, па клубот ќе мора да бара замена за тројцата најдобри од минатата сезона. Замина и кружниот напаѓач Петар Маркоски, кој се пресели во Прилеп.
На клупата доаѓа легендарниот Бранислав Ангеловски, а допрва треба да биде потврден играчкиот ростер за наредната сезона.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























