Грчкиот првак Олимпијакос ја започна реконструкцијата на тимот за претстојната сезона во која влегува со големи амбиции, особено на меѓународна сцена.
Најдобриот стрелец на тимот од Пиреја, Савас Савас, се враќа во Германија и ќе игра за екипата на Кобург.
Заминува и левиот бек Иван Слишковиќ, како и кружниот напаѓач кој повеќе беше користен во дефанзива, Стефанос Михаилидис.
Олимпијакос ќе игра во новата сезона од Лигата на Европа, а летово ќе настапи на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
























