Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.
По левите бекови Антонела Ѓероска, Миа Маринчов и Бојана Георгиевска, средните бекови Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, пивотот Симона Блажеска, десниот бек Тара Аврамоска, уште една ракометарка стави потпис на нов договор.
Станува збор за Мирјана Наумоска, која и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од легендарната Милева Велкова.
Наумоска настапува на пивотменската позиција и е кадетска репрезентативка на Македонија.
Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.
























