Македонија четврта на турнирот во Плоцк од Светската турнеја во ракомет на плажа

Машката репрезентација во ракомет на плажа го заврши турнирот во Плоцк од Светската турнеја на четвртото место.

Во мечот за бронза, Македонија беше поразена од Чешка со 2-0 во сетови, па ривалите се радуваа на третото место.

Првиот сет го доби Чешка со 26-20, додека во вториот беше уште поубедлива и славеше со 22-13.

Најдобри поентери во македонскиот состав беа Мартин Ивановски со 16 и Тодор Узунчев со десет поени.