По поразите од Чешка и Германија, машката репрезентација на Македонија во ракомет на плажа загуби и од домаќинот Полска во рамките на Светската турнеја во Плоцк.
Полска беше подобра со 2-0 во сетови, иако Македонија имаше голема шанса да го добие вториот сет и да го однесе мечот во трет решавачки сет.
Домаќините беа подобри со 24-18 во првиот сет за предност со 1-0, а во вториот Македонија водеше со 16-14, беше и 20-20 во финишот, но Полска успеа преку Анжејевски да погодат и да го добијат и вториот сет со 21-20.
Тодор Узунчев со 14 поени и Христијан Крстаноски со десет поени беа најдобри во македонскиот состав, а за нашата репрезентација останува уште дуелот за бронза на Светската турнеја во Плоцк.























