Македонија поразена од Германија на Светската турнеја во ракомет на плажа

По поразот од Чешка во првото коло на турнирот во полскиот град Плоцк, машката репрезентација на Македонија загуби и од Германија во мечот од Светската турнеја во ракомет на плажа.

Германија беше подобра со 2-0 во сетови, а првиот сет го доби противникот со убедливи 30-6.

Во вториот сет, избраниците на Наум Бабачев успеаја да постигнат повеќе поени, 14, но Германците дадоа дури 34.

Најдобар поентер во македонскиот состав беше Леонид Киселовски со шест поени, додека по четири имаа Христијан Крстаноски и Мартин Ивановски.

Утре за Македонија останува да го одигра уште мечот со домаќинот Полска, а потоа и дуелот за бронза или со истиот ривал или со Чешка.