Шестмина тренери од Македонија ги обновија своите Мастер Коуч лиценци – највисоките тренерски лиценци во ракометниот спорт.
Јулијана Дамчевска, Кристијан Грчевски, Раде Стојановиќ, Басри Љатифи, Стевче Алушовски и Миле Бочкаровски имаат нови Мастер Коуч лиценци.
РСС го организираше семинарот во соработка со ЕХФ, а покрај од Македонија, учествуваа уште многу други тренери од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и други земји.
Семинарот се одржа во Врњачка Бања, а свои предавања имаа Јохан Гунарсон, Золтан Марчинка, Владимир Копривица и Верољуб Косовац.
























