Македонскиот шампион Ѓорче Петров го формира играчкиот ростер за претстојната сезона во која ќе биде активен на четири фронтови.
Најново име во составот на „лавиците“ е левото крило Кристина Наумовска, една од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција каде што беше дел од Ѓорче Петров 2.
Наумовска потекнува од Пелистер, а минатата сезона ја мина во Ѓорче Петров 2, каде беше меѓу најдобрите и имаше големи заслуги за изборениот пласман на младите „лавиците“ во елитната конкуренција.
Претходно Ѓорче Петров ги засили своите редови со Ана Марија Коларовска, Нина Вуксановиќ, Аника Јовановиќ и Анѓела Губериниќ, а нови договори потпишаа Ива Велкова, Ана Вранчиќ, Анастасија Трпеска и Емилијана Ризоска.























