Откако го реши тренерското прашање за наредната сезона, тимот на Младост Богданци активно работи и на играчкиот кадар со кој ќе се игра во елитната конкуренција од септември.
По потписот на тренерот Горан Андоновски, прво големо засилување за тимот од Богданци e поранешниот кадетски и младински репрезентативец на левата бековска позиција, Тодор Узунчев, дознава 24Ракомет.
Левиот бек кој има 22 години по четири години минати во Скопје, во тимовите од Автокоманда и Бутел Скопје, се враќа блиску до дома. Гевгеличанецот сега го засилува Младост и треба да биде едно од главните оружја на Андоновски.
Младост Богданци заврши на второто место во Првата лига, но потоа во суперлигашкиот бараж против Струга успеа да слави и да се врати по долго време таму каде што припаѓа.























