Едно од најдобрите десни крила во Македонија го засили Чаир!

Доскорешната ракометарка на Куманово, Росана Павлова, е петтото засилување за македонскиот вицепрвак Чаир.

Павлова стави потпис на договорот за наредната сезона и треба да биде одлично дополнување на составот на Басри Љатифи.

Таа е некогашна младинска репрезентативка на Македонија, оваа сезона имаше одлични настапи за Куманово и даде 108 голови на 25 меча.

Претходно Чаир ги донесе бековите Михаела Кралева, Нора Махмуд и Стефани Ристиќ, како и пивотот Михаела Велјаноска.