Димитриевска стави потпис на нов договор со младите „лавици“

Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.

По левите бекови Антонела Ѓероска и Бојана Георгиевска, средниот бек Ева Ѓорѓиевска, десниот бек Тара Аврамоска, уште една ракометарка стави потпис на нов договор.

Станува збор за средниот бек Михаела Димитриевска, која и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од легендарната Милева Велкова.

Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.