Јубилејното, петто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ќе се одржи ова лето во Охрид.
Од 18 до 22 август, СРЦ „Билјанини Извори“ и градот Охрид ќе бидат домаќини на седум екипи од Европа и Африка.
Организаторот веќе ги распореди екипите по групи. Домаќинот Охрид ќе биде дел од групата А заедно со хрватскиот првак Загреб, египетскиот Замалек и српскиот вицепрвак Војводина.
Во групата Б се најдоа македонскиот првак Вардар, хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, грчкиот шампион Олимпијакос и словенечкиот Тримо Требње, кој беше трет оваа сезона зад Целје и Слован Љубљана.
Трофејот од минатата сезона го брани домаќинот Охрид.






















