По Михаела Велјаноска, Стефани Ристиќ и Нора Махмуд, екипата на Чаир го промовираше четвртото засилување за претстојната сезона.
Станува збор за поранешната младинска репрезентативка на Македонија, Михаела Кралева, која ќе го засили македонскиот вицепрвак.
Левиот бек доаѓа од тимот на Атлетик, а претходно беше дел од составот на Металург Автокоманда и Металург, од каде што потекнува.
Кралева има одлични физички предиспозиции, може да одговори на играта во двата правци и се очекува да биде вистинско освежување во составот на Чаир.
Чаирчанки од септември ќе бидат дел од европските купови и од регионалната лига во која ќе играат екипи од Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска.























