Младинците почнуваат со подготовки на 15 јуни, ќе имаат четири теста во Скопје пред ЕП

Машката младинска репрезентација на Македонија ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Романија на 15 јуни.

Дотогаш селекторот Игор Илиевски ќе го скрати поширокиот список и ќе одбере ракометари што ќе останат во конкуренција за континенталниот собир.

Неговите избраници ќе имаат четири тестови пред настапот на ЕП и сите ќе се одиграат во Скопје против Саудиска Арабија, Италија и Грција.

Македонија е во група со Данска, Норвешка и Хрватска на ЕП во Романија што ќе се игра во Клуж и Турда.