Чаир и посака добредојде на „фараонката“ Нора Махмуд

По Михаела Велјаноска и Стефани Ристиќ, екипата на Чаир го промовираше третото засилување за претстојната сезона.

Станува збор за египетската репрезентативка Нора Махмуд, која настапува на левата бековска позиција и ќе го засили македонскиот вицепрвак.

„Фараонката“ доаѓа од египетскиот тим Замалек и во Македонија ќе го има првото интернационално искуство.

Чаирчанки од септември ќе бидат дел од европските купови и од регионалната лига во која ќе играат екипи од Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска.