Македонскиот шампион Ѓорче Петров полека го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона.
По Ива Велкова и Анастасија Трпеска, како и десното крило Ана Вранчиќ, „лавиците“ ја продолжија соработка со уште една од најдобрите во тимот – средниот бек Мила Ѓорѓиевска.
Ѓорѓиевска долго време е дел од Ѓорче Петров и има важна улога во двата правци, а може да се снајде на сите бековски позиции.
Ѓорче Петров досега донесе и три засилувања – средниот бек Ана Марија Коларовска, голманката Нина Вуксановиќ и десното крило Аника Јовановиќ.























