Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Игор Илиевски, избра 35 ракометари што ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство во Романија.
На списокот што го објави ЕХФ има 34 ракометари од домашното првенство и само еден интернационалец – Милош Стојановиќ од словенечкиот Тримо Требње, a го нема левиот бек од Автокоманда, Дамјан Митев.
Младинската репрезентација ќе ги започне подготовките кон средината на овој месец, а ќе се подготвува само во главниот град.
Македонија е во група со селекциите на Данска, Норвешка и Хрватска, а континенталниот собир ќе се игра во Клуж и Турда од 9 до 19 јули.
























