Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 веќе активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.
По Антонела Ѓероска, и десниот бек Тара Аврамоска се обврза на нова верност кон „лавиците“.
Кадетската репрезентативка ќе продолжи да го носи дресот на тимот предводен од легендарната Милева Велкова.
Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.






















