Шампионот Ѓорче Петров се засили меѓу стативите – доаѓа млада Црногорка!

Шампионот Ѓорче Петров го донесе второто засилување за наредната сезона. По Ана Марија Коларовска, „лавиците“ го засилија ростерот со млада црногорска голманка.

Станува збор за 22-годишната Нина Вуксановиќ, која доаѓа од грчкиот тим АЕК Атина каде го мина вториот дел од сезоната.

Вуксановиќ потекнува од школата на Будуќност, ги мина сите младински репрезентативни селекции на Црна Гора, а има искуство во повеќе првенства.

Беше дел од Медицинар Шабац, бранеше и на Фарски Острови, а пред АЕК Атина настапуваше за босанската Крајина Ќазин.

Во штотуку завршената сезона голот на Ѓорче Петров го бранеа Милена Вујисиќ, Марија Јовановска и Дарија Наумоска.