Машката регионална лига што од сезонава ќе се игра по системот на регуларни кола, треба да почне на 23 август, а да заврши на почеток на февруари. Потоа би се играл завршен Ф4 на најдобрите екипи. Десетте тимот од трите држави се поделени во две групи од по пет екипи.
Во првата група се: Вардар, Охрид, Војводина, Динамо Панчево и Будва. Во втората група се: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен, и Дубочица. Планирани се 8 кола за играње.
Дел од натпреварите од домашните првенства би се сметале и за во регионалната лига, барем првата сезона, а потоа кога ќе се смени системот на натпреварување во секоја земја, би се играле мечеви кои би биле само за регионалната лига.
Во Лигата настапуваат екипи од три земји, од Македонија, Србија и Црна Гора. Екипите се според ранкингот од последната сезона, првите четири од Македонија и Србија и првите две од Црна Гора.
Клубовите прво треба да го потврдат своето учество, по што ќе се финализира и календарот. Ќе се бараат термини кои им одговараат на екипите, бидејќи сите ќе бидат и дел од европските купови. Најголемиот дел имаат загарантирано место во Лига Европа и Купот на ЕХФ, иако некои тимови ќе бараат и „надградување“ и преминување во Лига на Шампионите.
За Вардар се зборува дека со сигурност ќе добие место во ЛШ, а неизвесно е дали и Партизан ќе може да се надева на место во елитата. Во спротивно најголемиот дел ќе бидат дел од Лига Европа.























