Алборг не го дава тронот – третпат по ред е шампион на Данска!

Екипата на Алборг ја освои третата титула по ред во данскиот шампионат, односно вкупно деветта во клупската историја.

Алборг ја доби финалната серија против Скандерборг Архус со 2-0, откако славеше со 35-31 во вториот меч, по првиот триумф со 30-29.

Голманот Никлас Ландин беше одличен на голот на Алборг и запиша дури 17 одбрани по ударите на противничките ракометари.

Со освоената титула, Алборг се квалификуваше за наредната сезона во Лигата на шампионите, додека Скандерборг Архус може да аплицира за вајлд-карта.