Еве како ќе изгледаат Супер лигите наредната сезона

Вчера беше спуштена завесата на клупската сезона во Македонија со одигрувањето на двете бараж средби за пласман во Супер лигата во машка и женска конкуренција.

Во Супер машката лига своето место го обезбеди Младост Богданци по триумфот над Струга со 25-22, додека во Супер женската лига се пласираше Ѓорче Петров 2 кој ја победи екипата на Пелистер со 24-17.

Од претходно кај момците пласман во елитата обезбедија „витамините“ од Автокоманда, а кај дамите на супериорен начин тоа го стори екипата на Атлетик.

Супер машката лига ќе брои 12 екипи, додека Супер женската лига ќе брои осум екипи, а новите сезони ќе стартуваат во првата недела од септември.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ:

Младост Богданци
Охрид
Мулти Есенс
Вардар
Еурофарм Пелистер 2
Прилеп
Еурофарм Пелистер
Пролет
Куманово
Бутел Скопје
Алкалоид
Тиквеш

Во Супер машката лига, пет екипи се од метрополата, две од Битола, како и по една од Кавадарци, Прилеп, Куманово, Охрид и Богданци.

СУПЕР ЛИГА ЖЕНИ:

Атлетик
Ѓорче Петров 2
Чаир
Спартак
Астибо
Ѓорче Петров
Куманово
Вардар

Во Супер женската лига, дури шест екипи се од главниот град на Македонија, а суперлигаш ќе имаат уште Штип и Куманово.