Михаил Иваноски ќе игра за еден од најдобрите словенечки клубови!

Македонскиот десен бек Михаил Иваноски денеска е промовиран како нов ракометар на словенечкиот гигант Горење Велење.

22-годишниот десен бек зимоска си замина од Автокоманда и се пресели во редовите на Ајдовшчина, каде за краток период успеа да се наметне како еден од клучните играчи на тимот. Со одличните настапи во словенечкиот шампионат, Иваноски го привлече вниманието на неколку клубови, а најсериозен интерес покажал токму Горење Велење.

Младиот Македонец во дресот на Ајдовшчина одигра 14 натпревари и постигна 65 погодоци, потврдувајќи го својот потенцијал со одлична реализација.

Десниот бек, кој потекнува од Охрид, а играше и за двата тима од Автокоманда и српската Дубочица Лесковац, направи значаен исчекор во кариерата, бидејќи Горење Велење важи за еден од најреномираните и најтрофејни клубови во словенечкиот ракомет, со богата традиција и редовни настапи на европската сцена.

За македонскиот ракомет ова би било уште една потврда дека младите играчи успешно се пробиваат на меѓународната сцена и добиваат шанса во клубови со високи амбиции.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________