„Кога Вардар ја освои ЛШ, си реков – еден ден ќе играм таму…и тој сон ми се оствари“

Јапонскиот среден бек Харуки Кавада по една сезона замина од Скопје и во иднина ќе има нов предизвик во кариерата.

Организаторот на играта се сели во Франција и ќе игра за тимот на Каен, каде што играат уште двајца екс вардарци, Нилтон Мело и Хансер Родригез.

Јапонецот на социјалните мрежи се прости од Вардар.

„Минатото лето, во 2025 година, ја напуштив универзитетската настава и на 19 години заминав во Европа. Кога бев ученик во основно училиште, Вардар – клубот за кој настапував, ја освои Лигата на шампионите на ЕХФ, најсилното клупско натпреварување во светот. Тогаш си реков: „Еден ден и јас сакам да играм таму“. Изминатата година беше токму годината кога тој сон ми се оствари. Не беше сè лесно и убаво, но интензитетот на спортот, животот во друга средина, јазичните разлики и сè што доживеав ми донесоа искуства и погледи на светот што никогаш немаше да можам да ги стекнам во Јапонија. Фактот што тоа го искусив уште во тинејџерските години е нешто што сигурно ќе ми користи во животот, и среќен сум што се осмелив да го направам тој чекор. Одблиску ја почувствував и силата на луѓето од Источна Европа. Ќе продолжам да чекорам напред и во иднина, користејќи го сето ова искуство! Неизмерно сум благодарен на сите што ме поддржаа во мојот европски предизвик“, напиша Кавада.

Покрај Кавада, од Вардар заминаа и Пинто, Еспиња, Стаменковиќ, Танкоски, Горига, Боно и Марчињак.