„Охрид беше вистинска бајка, а охриѓани покажаа како се сака својот клуб!“

Охрид во неделата испиша златна страница во клуспката и во историјата на македонскиот ракомет.

Со триумфот над Татабања со 31-25, Охрид го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, а навивачите ги поздравија своите херои на градскиот плоштад.

Беше организирана прослава на која навивачите имаа шанса да им го честитаат големиот успех на своите миленици, а еден од најзаслужните за европската бајка на Охрид е градоначалникот Кирил Пецаков.

„Синоќа Охрид беше вистинска бајка! Плоштадот блесна во боите на победата со најубавите емоции, гордост и заедништво. Охриѓани покажаа како се сака својот клуб и како се слават историски успеси! Заедно со нашите херои од ГРК Охрид го дочекавме европскиот пехар таму каде што припаѓа, во нашиот град, во градот на светлината. Од срце ви благодарам на сите што бевте дел од оваа незаборавна ноќ. Ова е победа за Охрид, победа за сите нас!

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________