Црногорска репрезентативка доаѓа во Ѓорче Петров!

По Ана Марија Коларовска, шампионот Ѓорче Петров, донесе уште една нова ракометарка за наредната сезона.

Станува збор за црногорската репрезентативка Аника Јовановиќ, која настапува на позицијата десно крило.

Таа доаѓа од составот на Будуќност, има 19 години и е голема надеж на црногорскиот ракомет, беше дел од кадетската, а сега игра за младинската репрезентација.

Ѓорче Петров минатата сезона ја освои двојната круна во Македонија, а наредната сезона ќе биде дел од Регионалната лига, како и од ЕХФ Европскиот Куп.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________