Ол-раунд бекот Ана Марија Коларовска е првото засилување за македонскиот шампион Ѓорче Петров за наредната сезона, дознава 24Ракомет.
Коларовска откако беше дел од хрватскиот тим Брод минатата полусезона, се враќа во македонскиот ракомет и одново ќе биде „лавица“.
Таа ги мина сите младинските категории во националниот тим, а сега е дел од сениорската репрезентација.
Коларовска беше дел од тимовите на Спартак, Вардар и Ѓорче Петров, пред да се пресели во Металург Автокоманда, а настапите за Брод беа први на меѓународна сцена.
Со Ѓорче Петров наредната сезона ќе биде дел од ЕХФ Европскиот Куп.























