Емоции и овации на едно место – Охрид се раздели со јунакот Пилиповиќ, Кукуловски, Бојаниќ…

Натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп против унгарската Татабања беше последен во дресот на Охрид за тројца ракометари.

Најдобриот голман во Ол Стар тимот на 24Ракомет за сезоната, Кристијан Пилиповиќ, по една сезона заминува од Охрид и се враќа во Швајцарија, каде ќе брани за новиот првак Криенс Луцерн.

Покрај него, од тимот на Охрид заминуваат уште и левиот бек Дејан Кукуловски и кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ.

Кукуловски се сели во српската Металопластика Шабац, додека Бојаниќ се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

 

Охридската публика во преполната СРЦ „Билјанини Извори“ ги награди со овации, а ракометарите не ги криеја емоциите што заминуваат од клубот и градот…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)