Младост Богданци се засили пред суперлигашкиот бараж – потпишаа двајца странци!

Тимот на Младост Богданци се засили со двајца странци пред суперлигашкиот бараж против екипата на Струга.

Станува збор за искусни интернационалци – средниот бек Богдан Николиќ и голманот Живојин Илиќ, кои доаѓаат од екипата на Горажде од Босна и Херцеговина.

Николиќ е докажан ракометар, кој најголем дел од кариерата ја градеше во Македонија во тимовите на Еурофарм Пелистер, Струга и Бутел Скопје.

Илиќ исто така и искусен чувар на мрежата, кој треба да донесе искуство меѓу стативите на Младост Богданци.

Бараж натпреварот меѓу Младост Богданци и Струга ќе се игра на 3 јуни од 19:30 часот во салата „25 мај“ во Радовиш.