Финалето во Лига Европа ќе биде германско, и во него ќе играат Кил и Мелсунген. Во второто полуфинале Мелсунгер го „збриша“ Флензбург во второто полувреме и направи предност со која стигна до финалето. Мелсунген победи со 37-30 против актуелниот шампион Флензбург.
Лани во полуфиналето Флензбург победи со 35-по двете продолженија од пет минути. Иако мораше да игра и во осминафиналето Мелсунген сезонава ја темпираше формата за овој Ф4.
Беше израмнето до почетокот на вториот дел кога Гола последен пат намали на 19-18. Потоа Мелсунгер направи убава серија и во 39 минута имаше предност од 24-20. Најава дека нема да дозволат реприза од лани.
Иако на самиот почеток на вториот дел Мелсунгеностан абез Мандиќ кој доби диркетен црвен картон, тимот на Роберто Парондо знаеше како да го добие натпреварот.
Даинис Кристопанс со 9 гола и Небојша Симиќ со 15 успешни одбрани го предводеа Мелсунген до финалето.
























