Пелистер со победничка подготовка за баражот за опстанок

Ракометарките на Пелистер прославија триумф над Куманово со 24-20 во последниот натпревар од Супер женската лига.

Битолчанки во среда го играат баражот за опстанок во елитната конкуренција против Ѓорче Петров 2, а овој меч им дојде како убаво загревање за важната битка.

По нерешените 13-13, во вториот дел доминираа домаќинките и на крајот заслужено прославија победа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анастасија Тодоровска со осум гола и Леона Елмазовска со четири, додека осум погодоци за Куманово даде Нена Нестороска.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________