Пред натпреварот со Бутел, новиот шампион на Македонија, Вардар се раздели со седум ракометари кои следната сезона нема да го носат дресот на клубот.
Признание добија петмина странци и двајца домашни ракометари.
Во новата сезона дресот на Вардар нема да го носат: Мигуел Пинто, Харуки Кавада, Марек Марчинијак, Мигуел Еспиња, Марио Танкоски, Николас Боно и Кристијан Стаменковиќ.
Дел од нив веќе имаа нови клубови, а другите се во преговори и веројатно набрзо ќе објават каде ја продолжуваат кариерата.
Вардар по тригодишна пауза повторно е шампион, и по 17. пат ќе го добијат и преодниот пехар и оној во трајна сопственост.
View this post on Instagram
























