Охрид до четврток ќе биде на второто место на табелата, откако со 29-22 го победи Тиквеш. Сега за Охриѓани останува уште да го следат мечот во Битола во четврток, каде Еурофарм Пелистер е домаќин на „сино-белите“ од Автокоманда. Ќе мора битолчани да загубат барем бод за да може Охрид да заврши на второто место. Во спротивно пелистерци ќе ја завршат сезоната како второпласирани.
Дуелот меѓу Тиквеш и Охрид наместо во Кавадарци се одигра во Охрид, бидејќи „гладијаторите“ добија повеќе време за одмор пред реванш средбата од финалето на Купот на ЕХФ против Татабања.
Тренерот Борис Ројевиќ реши да одмара некои од клучните играчи, па Анте Иванковиќ, Кристиаан Пилиповиќ, Гоце Ојлески останаа на трибините, а и некои од првата постава повеќе беа на клупа отколку на терен.
Неизвесно беше само кој ќе биде крајниот резултат, бидејќи Тиквеш немаше ниту сили, ниту реални шанси да направи изненадување. Во првото полувреме единствено што Тиквеш успеа да направи е да дојде на негатива од 1-2 гола. Потоа брзо Охрид ја презеде иницијативата, повеќе со 5-6 гола и рутински до крај ги освоија бодовите.
























